Се работи за новиот противтенковски ракетен систем „Корнет-Д1“ кој е наменет за опремување на единиците на Воздушно-десантните сили. Блокот негови технички испитувања ќе заврши оваа година. Ова во средата на новинарите им го соопшти Министерството за одбрана на РФ, пренесува интернет порталот Бог-рата.
„Во 2019 година ќе започне фазата на завршно испитување на новиот противтенковски ракетен систем „Корнет-Д1“ кој по нејзиното завршување ќе биде усвоен во вооружувањето на Воздушно-десантните сили (ВДВ). Овој систем е наменет за опремување на артилериските единици, како и на воздушно-десантните состави. Се работи за високомобилен систем. Основна платформа за овој систем ќе биде борбеното оклопно возило-гасеничар БМД-4М кое може да се десантира со падобран. Системот ќе го одликуваат извонредни карактеристики кога е во прашање ефективниот дострел на ракетата и прецизноста на огнот“, рекоа од Министерството за одбрана на РФ.
При нишанење и гаѓање, операторот цело време ќе се наоѓа во оклопното возило. Со целиот процес ќе управува преку командна станица на далечинско управување.
„Тестирањето на новото вооружување, кое е развиено со цел унапредување на огнената моќ на артилериската компонента на ВДВ, ќе биде реализирано на неколку полигони на Министерството за одбрана. Овој противтенковски систем е еден од првите високопрецизни развојни проекти кој ќе биде специјално наменет за употреба во десантно-јуришните и воздушно-десантните борбени состави. Тој значително ќе ја зголеми убојната огнена моќ на овие единици“, рекоа од министерството.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче