Русија ја вооружува новата генерација турски оклопни возила со ласерски наведувани ракети „Корнет“

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Верзијата на турскиот „ловец на тенкови“ (Kaplan), која ќе биде опремена со руски противтенковски наведувани ракети „Корнет“, ќе се појави во вооружените сили на оваа држава до крајот на 2019 година. Се работи за веројатно најдобрите ракети на светот кога е во прашање оваа категорија на вооружување, кои се проверени и во пракса.

Една од двете основни варијанти на новиот самооден  противтенковски систем „Каплан“ (Kaplan), како свое основно вооружување ќе ги користи руските наведувани ракети „Корнет“. Со овој систем се планира опремување на единиците на турската војска, поточно копнениот вид на нејзините вооружени сили. Ова за интернет-порталот ТАСС го изјави извор вработен во компанијата FNSS која го развива системот „Каплан“, пренесува српскиот интернет-портал mars.online.

 „Новиот самооден противтенковски ракетен систем успешно ја заврши фазата на тестирање која се одвиваше во различни теренски услови, вклучувајќи и ридско-планински терен каде што се изведуваше и боево гаѓање. Од нив ја увидовме исправноста на нашата одлука како основно вооружување на ова возило да ги употребиме руските ракети „Корнет“, рече неименуваниот извор од турската компанија. Според него, турската армија ќе добие две модификации на самоодниот противтенковски систем „Каплан“. Разликата меѓу нив ќе биде во примената на основното вооружување. Една ќе биде опремена со руски „Корнети“, а другата со турската противтенковска наведувана ракета OMTAS.

Овој извор очекува првиот контингент возила „Каплан“ вооружени со рускиот противтенковски наведуван систем „Корнет“ да влезат во оперативна функција до крајот на оваа година.

Самоодниот противтенковски ракетен систем „Каплан“ е развиен од компанијата FNSS во рамките на програмата за модернизација на основниот борбен парк со самоодни борбени возила на турската армија наменети за противоклопна борба. Како што наведовме претходно, покрај верзијата која ќе користи руски ракети „Корнет“, се планира и интеграција на наведуваниот противтенковски ракетен систем од домашно потекло OMTAS што го развива турската компанија Rocketsan.

Според информациите што ги објави турското Министерство за одбрана, војската планира да набави околу 260 самоодни противтенковски оклопни возила „Каплан“. Целата зделка треба да се реализира до 2021 година. Точниот број возила кои ќе бидат опремени со руските ракети „Корнет“ засега е непознат.

Прочитајте повеќе: Турците воодушевени од рускиот систем 9К135 Корнет-Е

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња