Индонезија – прв странски купувач на рускиот оклопен транспортер БТ-3Ф (ВИДЕО)

Пловечки оклопен транспортер БТ-3Ф

Пловечки оклопен транспортер БТ-3Ф

Press Photo
Индонезиските вооружени сили купија контингент оклопна техника од руско производство – 21 оклопен транспортер БТ-3Ф и 22 борбени возила на пешадијата БМП-3Ф.

За оваа голема набавка соопшти изданието Indomiliter.com кое објавува информации поврзани со вооружените структури на Индонезија.

Веќе неколку години беше најавувано, меѓу другото и на военотехничките форуми „Армија“, дека маринскиот корпус на индонезиската воена морнарица ќе биде првиот странски купувач на оклопни транспортери БТ-3Ф.

Според оцените на воените стручњаци и експерти, се смета дека овој пловечки оклопен транспортер на гасеници е еден од најдобрите во својата класа. Неговата маса е 18900 кг, а покрај тројцата членови на посадата лесно може да прими уште 15 маринци. Поседува мотор со моќност од 500 КС, развива максимална брзина од 70 км/ч на копно и 10 км/ч кога плови низ вода. Со наполнет резервоар може да помине 600 км.

Вооружен е со митралез „Корд“ со калибар 12,7 мм, кој е сместен во борбениот модул на далечинско управување.

Се очекува дека овие новитети во рускиот арсенал делумно да ги потиснат советските оклопни транспортери БТР-50ПК и застарените пловечки транспортери К-61.

Што се однесува до борбеното возило на пешадијата БМП-3, во моментов вооружените сили на Индонезија успешно експлоатираат преку 50 такви возила, меѓу другото и модели модифицирани за потребите на морнарицата. Оваа техника многу добро се покажа во редовните воени вежби со различен обем.

Прочитајте повеќе: 8 нови модели руско оружје на форумот „Армија 2016“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња