Погледнете како БМПТ „Терминатор“ се подготвува за воената парада (ВИДЕО)

Youtube
Специјалистите на компанијата „Уралвагонзавод“ на подмосковскиот полигон Алабино ја завршија подготовката на борбените машини за поддршка на тенкови „Терминатор“ за претстојната голема воена парада на Црвениот плоштад.

Гасениците на „Терминатор“ се опремени со штитници од тврда гума, така што нема да го оштетат асфалтот при учеството во воената парада. Исто така, корпусот на борбената машина ќе биде покриен со дополнителни оклопни плочи и заштитни противкумулативни решетки кои се особено ефикасни против мини истрелани од рачни ракетни фрлачи.

„Процедурите за транспорт налагаат борбената техника од фабричкиот круг да се транспортира без дополнителна оклопна заштита. Дури по пристигнувањето на техниката во новото место на дислокација, се врши нејзино техничко подигање на ниво на полна борбена готовност“, рекоа од информативната служба на „Уралвагонзавод“, пренесува интернет-порталот РГ.

Процесот на техничкото докомплетирање на еден „Терминатор“ до максималното ниво на опременост трае помалку од еден час. Најголемиот дел од времето се троши на влопувањето на тешките плочи со дополнителниот оклоп, каде што целиот пакет може да тежи и повеќе стотици килограми.

БМПТ „Терминатор“ оспособен ефикасно да се бори со современи тенкови, борбени возила на пешадијата и други оклопни средства (транспортери, оклопни автомобили), како и упоришни точки со непријателска жива сила. Интегрираното топовско-ракетно вооружување во комплет со современиот систем за управување со огнот, му овозможуваат на „Терминатор“ да се бори со широк спектар на цели, на растојанија поголеми од 6 километри. Во борбениот комплет со кој е опремено ова возило, се издвојуваат четири ласерски наведувани суперсонични противтенковски ракети „Атака-Т“ сместени во ист број на транспортно-лансирни контејнери. Оваа ракета се одликува со екстремно висока брзина на летање, и според факторот брзина спаѓа во најбрзите ракети од овој тип на светот.

Погледнете го видеото: Рускиот „Терминатор“ во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња