Руски тенк Т-80 истрела балван наместо проектил (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во 61 фабрика за тенкови и оклопна техника кај Санкт Петербург беше тестирана состојбата на тенковски топ по ремонт на тенк Т-80 така што беше истрелано парче балван.

Цевката претходно беше наполнета со вода за да не се запали дрвениот „проектил“. Облица се разлета во парампарче пред да излета од цевката. Видеоснимката ја објави телевизијата „Ѕвезда“.

Претходно на социјалните мрежи се појави фотографија од најновата модификација на рускиот тенк Т-80БВМ со динамична заштита „Реликт“ на куполата.