1. Т-34
Можеби најценетиот советски тенк. Денес постојат неколку примероци во добра состојба и можеме да ги видиме на парадите на 9 мај.
2. ИСУ-152
Иако е старо речиси 80 години, ова импресивно самоодно артилериско орудие изгледа свежо како утринска роса.
3. Т-35
Вистински дворец на гасеници.
4. Су-100
Кога ова оклопно возило во 1956 година беше повлечено од армијата, многу примероци останаа во складовите, за случај повторно да притребаат. Германските тенкисти ги почитуваа... и им се плашеа.
5. КВ-1
Кога ќе го видете со свои очи, ќе сфатите зошто го добил прекарот убиец. Имаше и случај кога цела германска дивизија не знаеше како да се бори против еден КВ-1.
6. БА-3
БА-3, вооружен со топ од 45 мм, беше оклопен автомобил од средна категорија, првпат произведен 1933 година. Иако тоа не беа најефикасните воени возила, нивното учество е регистрирано во Шпанската граѓанска војна, против Јапонците во битката кај Халкин Гол, во Зимската војна меѓу СССР и Финска, и против Германците во раните фази од инвазијата врз СССР.
7. Т-18 (МС-1)
Кога не можете никаде да најдете примерок на тенкот за кој сте читале во историските книги, секогаш можете сами да го направите: