Германската војска во првите денови од Втората светска војна брзо напредуваше и за кусо време се проби на неколку стотини километри на советската територија.
Откако се нашла во очајна ситуација, Црвената армија се обидувала ако не да ги запре Германците, барем да го забави нивното движење за во заднина да се организира подобра одбрана. Во една слична воена епизода советскиот тенк КВ-1 недалеку од литванскиот град Расејњај речиси 24 часа ја држел 6 германска дивизија.
Германската 6 и советската 2 тенковска дивизија уште од првите денови на војната се фатиле во костец за градот Расејњај. Додека главната борба се водела источно од градот, еден советски тенк, неочекувано за Германците се појавил на север и застанал среде патот со кој биле поврзани двете трупи.
КВ-1 парализирал речиси 5.000 германски војници. „Било невозможно да се заобиколи тенкот поради мочуриштата. Не можевме ни да добиеме муниција, ниту да ги евакуираме ранетите – тие умираа“, рапортираа Германците.
Пред Германците да успеат да соберат сила, советската машина уништила 12 германски камиони за снабдување.
Обидите тенкот да се уништи со 50-милиметарски противтенковски топови беа неуспешни. Згора на тоа, КВ-1 само ги неутрализираше топовите заедно со екипажите.
Во битката се вклучија посилните хаубици од 105-милиметри, но и тие беа неуспешни. Германците решија да ја дочекаат ноќта.
Во мракот неколкумина се прикрадоа до тенкот и поставија експлозив на гасениците и на топот, но по детонацијата на тенкот КВ-1 не останала ниту гребнатинка.
Единственото оружје кое можеше да излезе на крај со овој тенк беше противавионскиот 88-милиметарски топ. Педесет германски тенкови го одвлекуваа вниманието на советскиот екипаж додека топот за ПВО се приближуваше. КВ-1 е уништен дури по тринаесеттиот директен погодок.
Од тенкот извадија шест тела: петмина членови на екипажот и едно неидентификувано лице. Потресени од храброста на советските војници, непријателите ги погребаа со сите почести.
Ни останува само да нагодуваме зошто КВ-1 се впуштил во оваа самоубиствена авантура.
Како што смета историчарот Максим Коломиец, тенкот случајно се одвоил од своите сили и налетал на непријателот, а потоа останал без гориво.
Сепак, екипажот за тие 20 до 22 часа, колку што траела битката, имал можност да го напушти тенкот и да се скрие во шумата. Очигледно надвладеала желбата да се борат до крај, истакнува Коломиец.
Германската војска знаела многу за советската оклопна техника уште пред почетокот на војната. Сепак, за тенкот КВ-1 не знаела речиси ништо и тоа за Германците билщ непријатно изненадување.
Во првите бомби со овој тенк летото 1941 година Германците сфатиле дена немаат доволно силно оружје за нив. На огромниот „руски ѕвер“, како што Германците го нарекувале тенкот, не можеле да му наштетат противтенковските 50-милиметарски топови.
Главните германски тенкови во тоа време како што се Панцера 3 и 4 и трофејниот чешки Панцера 38 не биле ниту одблизу силни како советскиот КВ-1. Единствено решение било противавионско оружје од 10.5 сантиметри.
„Приказните за овие монструми ни втераа страв во коски. Зборуваа дека се големи, отпорни и нѐ натераа да помислиме дека се некои неуништливи тврдини“ се сеќава еден германски војник.
Сепак КВ-1 не беше идеален тенк. Иако добро заштитен и вооружен, имаше свои мани и беше премногу бавен, лесно се расипуваше, а поправките траеја долго.
КВ-1 исчезна од фронтот во 1942 година кога Германците почнаа да војуваат со своите Тигри, неспоредливо појаки од „советските ѕверови“. Но пред да се случи тоа, КВ-1 беше вистински кошмар за нацистичките окупатори.
Слава на хероите на војната!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче