Во Русија е направена високопрецизна наведувана артилериска граната со калибар 57 мм, која нема конкуренција во светот, рече еден од директорите на развојната компанија КБ „Точмаш“ Владимир Макеев. „Работиме во правец на развој на високопрецизни наведувани артилериски гранати, проектили со калибар 57 мм кои нема да имаат пандан во светски рамки“, изјави Владимир Макеев, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Според него, современото војување бара усовршување на ефикасноста на неуправливите ракети. За реализација на овие барања во Русија се развиваат специјални блокови за управување кои ќе ги претворат овие ракети во високопрецизно оружје. Се работи за огромна количина ракетна муниција, која ќе се интегрира со блок специјална оптоелектроника.
Претпоставката е дека рускиот воено-индустриски комплекс на годишно ниво произведува стотици илјади различни ракети за артилериско-ракетните борбени системи, што претставува огромна база за понатамошно унапредување.
Макеев исто така напомна дека руските конструктори завладеале со технологијата на полна интеграција на полуактивна ласерска боева глава за самонаведување на ненаведувана ракетна муниција. Главното нешто кај ваквите технолошки операции е ниската цена на целиот процес, како и брзината во комплетирањето на една ракета со што дополнително не се оптоваруваат производствените капацитети.
Неодамна и американските медиуми објавија неколку текстови за руските новитети во сферата на вооружувањето и воената техника, каде имено и се зборува за развој на артилериска „супермуниција“ која ќе биде опремена со оптички систем за наведување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче