Русија отвори во Венецуела Центар за обука на пилоти на хеликоптери Ми-17В5, Ми-35М и Ми-26Т

Интернет портал Бог-рата
Во овој проект од руска страна учествува државниот конзорциум „Рособоронекспорт“, а од венецуелска акционерска компанија која се наоѓа во рамките на домашната воена индустрија (CAVIM). Пилотите ќе се оспособуваат за работа во нестандардни ситуации и услови кои се максимално приближени до реалноста, што значително ќе ги подигне вкупната борбена оспособеност и ефективноста на венецуелската војска за операции од воздух.

Русија и Венецуела на 29 март оваа година на просторот на оваа латиноамериканска отворија Центар за обука на пилоти на борбени хеликоптери. Во овој проект од руска страна учествува државниот конзорциум „Рособоронекспорт“, а од венецуелска акционерска компанија која се наоѓа во рамките на домашната воена индустрија (CAVIM).

Како што пренесува интернет-порталот „Бог-рата“, основната задача на овој центар е обука на пилоти кои ќе управуваат со хеликоптери Ми-17В5, Ми-35М и Ми-26Т. Пилотите ќе се оспособуваат за работа во нестандардни ситуации и услови кои се максимално приближени до реалноста, што значително ќе ги подигне вкупната борбена оспособеност и ефективноста на венецуелската војска за операции од воздух. Еден број венецуелски пилоти во Русија помина обука на специјални тренажери. Оваа обука покриваше експлоатација на летала во мобилни и стационарни услови на работа, како и употреба на разновидна тренажна и контролна опрема.

„Рособоронркспорт“ по овој повод изјави дека сите активности се дел од постојните билатерални договори за соработка меѓу Москва и Каракас со цел оптимизација на венецуелските воздухопловни сили не само за борбена функција, туку и за хуманитарни операции, што посебно се однесува на дејства при природни катастрофи. „Руските хеликоптери што ги набави Венецуела не се исклучително наменети за борбена употреба. Тие можат многу ефикасно да се употребат во операции за воздушно извидување на шумски пожари, во ефикасна организација и реализација на пребарувачко-спасувачки задачи по природни катастрофи, како и за достава на хуманитарна помош во најзафрлените делови на земјата“, соопшти информативната служба на оваа корпорација.

Прочитајте повеќе: Поддршка на традиционалниот сојузник: Руската војска пристигна во Венецуела

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња