Руски научници пронајдоа „жива“ вакцина против грип со долгорочно дејство

Global Look Press

Научниците од Новосибирскиот државен научен центар за вирологија и биотехнологии „Вектор“ создадоа „жива“ вакцина против грип, со двојно подолго дејство од постојните, пишуваат руските медиуми.

Клучната предност на новата вакцина се нејзината безбедност и нејзиниот долгорочен ефект, рече претседателот на советот на Здружението за развој на иновативен кластер на Новосибирската област во сферата на биофармацевтските технологии „Биофарм“ Сергеј Нетјосов.

Според него, во основата на вакцината се наоѓаат ослабени микроорганизми, а не мртви бактерии. Вакцината е значајна затоа што се одгледува врз клеточна култура, а но не на пилешки или препеличини ембриони и пред сѐ е побезбедна, рече Нетјосов, кој очекува дека со нејзината примена бројот на заболени од грип во Русија ќе биде радикално намален.

Вакцината според експертите треба што поскоро детално да се испита и да се почне со нејзина примена, бидејќи „живата“ вакцина има дејство од околу пет години, а инактивирана само една или две години. Покрај тоа, центарот „Вектор“ има уште амбициозни планови како што се развој на вакцина против короновируси кои предизвикуваат околу 20 до 30 отсто од сите респираторни инфекции.

Инаку, новосибирските научници веќе имаат искуство во борбата против коронавирусот, кој во 2003 година ја предизвика епидемијата на тешкиот акутен респираторен синдром, познат како САРС, во Кина, а потоа и во целиот свет.

Центарот за вирологија и биотехнологија „Вектор“ е основан 1974 година. Важи за еден од најголемите во светот. Првично беше фокусиран на проучување на предизвикувачите на смртоносни болести како што се антраксот и туларемијата за да врз нивна база биде создадено биолошко оружје. Денес „Вектор“ се занимава со развој на дијагностиката и лекување на заразни болести.

Стручњаците на центарот, меѓу другото, работат над вакцини против свински грип, ХИВ и Ебола на хеморагична треска.

Прочитајте повеќе: Руски научници развиваат вакцина против наркоманија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња