Акробатски лет на Су-30 снимен од пилотска кабина (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Телевизија „Ѕвезда“ објави видеоснимка од настапот на акробатската група „Руски витези“, снимена од пилотска кабина.

Рускиот тим асови настапи на аеромитингот LIMA-2019 во Малезија, прикажувајќи фигури на групно и поединечно акробатско летање на тешките ловци Су-30СМ.

Саемот на оружје LIMA се одржува на архипелагот Лангкави од 26 до 30 март.

„Руски витези“, чија база е во подмосковска Кубинка, првпат на аеромитингот LIMA 2017 во странство летаа на нови ловци Су-30СМ. Пред тоа настапуваа со Су-27, а во иднина планираат да преминат на Су-35.