Летот на „Црниот бисер”: Погледнете ретки кадри со овој руски морнарички авион (ВИДЕО)

Скриншот

На интернет е објавена снимка од летот на единствениот авион од својата класа во состав на Воената морнарица на Русија. Авионот Ту-134А-4 со евиденциски број RF-12041 под неофицијалниот назив „Црниот бисер“ изведе проверка на системите, возење по писта, забрзување и прв лет по ремонтот во минскиот завод.

„Што може да биде поубаво отколку да се види УБ-Л? Да се види црн УБ-Л!”, се наведува во придружниот текст на објавената снимка.

Ту-134УБ-Л е школско-борбена модификација на советскиот патнички авион Ту-134. На него пред сѐ се обучуваат пилотите и навигаторите за стратешките ракетоносци Ту-22М3, кои според големината и извесни карактеристики се слични на патничките авиони. Затоа Ту-134 има остар нос под кој се крие радарот на бомбардерот, во кабината е поставена воената апаратура за комуникација и системите за нишанење и навигација, додека позади се наоѓаат 12 седишта за пилотите-регрути кои се менуваат на позицијата втор пилот.

Една од верзиите на овој авион е опремена и со носачи на авиобомби под трупот. Во СССР беа произведени околу 90 Ту-134УБ-Л. Освен за обука на млади пилоти, тие се користат и за тренинзи на активните пилоти на авионите Ту-22М3 и Ту-160 заради заштеда на ресурсите на борбените летала.

Прочитајте повеќе: Ловец-бомбардер Ил-2 поминал на дното на езеро 70 години и повторно полета! (Видео)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња