Овој советски ловец-бомбардер беше подигнат од дното на езерото Кривое во Мурманската област 2012 година. Авионот во 1943 година бил оштетен во воздушна битка, но паднал во езерото, при што преживеале и пилотот и митралезецот. Во каква состојба беше кога по 70 години го извлекоа на површината, можете да погледнете преку овој линк, а веќе во 2017 година повторно полета на авиоизложбата на аеродромот „Жуковски“ кај Москва.
Авионот Ил-2, пресуден за победата на СССР против германската војска, имаше два митралеза „Березин“ 12,7 мм, два ШКАС-а од 7,62 мм, два топа 23 мм Вја-33с, носеше 600 кг бомби и ракетие РС-132 и РС-83. Руските пилоти му го дадоа прекарот „летечки тенк“, а Германците „Beton Flugzeug” (бетонски авион) и „Schwarz Tod” (црна смрт).
За време на војната вкупно беа произведени 36183 авиони Ил-2, што го прави најбројниот модел во историјата на воената авијација и еден од најбројните во целата историја на авијацијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче