Снимено е тестирање на редок авион на Воената морнарица на Русија - Ту-134УБЛ. Овој школски тренажен авион изведе лет по ремонтот во Заводот за ремонт на авиони во Минск.
На снимката може да се види како авионот со натпис „Црноморска флота” и слика на делфин најпрвин неколку пати ја поминува пистата, ја проверува работата на сопирачките, полугите за обратен потисок, турбините и закрилцата, а потоа полетува. Според сведочењето на очевидците, летот траел околу три часа.
Натписот „Црноморска флота” покажува дека авионот ѝ припаѓа на базата на руската морнарица во Краснодарскиот крај.
Ту-134УБЛ (според класификацијата на НАТО: Crusty-B) е школски тренажен авион, конструиран на почетокот на 80-те во Експериментално-конструкторското биро „Туполев” врз основа на патничкиот авион Ту-134. Денес се наоѓа во состав на Воената морнарица на Русија и се користи за обука на нови пилоти и тренинг на активните борбени пилоти.
Овој авион е истовремено моќна борбена машина. Дометот на летото со полн резервоар му е 2300 километри, при што може да носи борбен товар од 8,2 тони. Максималната висина на летање му е скоро 12 километри, а брзината на крстосување 890 километри на час.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче