Иван Кожедуб, 1944.
Шагин/SputnikИван Кожедуб со 64 соборени авиони бил истовремено најдобар советски пилот и најуспешен пилот во сојузничките сили во Втората светска војна.
Но, лесно можело да се случи првата битка да му биде последна. Неговиот ловец Ла-5 бил оштетен за време на воздушниот судир со германскиот Месершмит Bf-109. На враќањето во базата непријателскиот оган на советските противвоздушни топови за малку целосно не го уништиле. Кожедуб сепак успеал да слета.
За Иван Кожедуб било карактеристично тоа што секогаш се обидувал да го сочува својот авион. За време на војната неколку пати бил погоден, но никогаш не го напуштил авионот и секогаш успевал оштетеното летало безбедно да го спушти на аеродром.
Најдобриот советски ас има учествувано во 120 воздушни битки, но ретко се изложувал на непотребен ризик. Бил одличен стрелец и најчесто ги гаѓал непријателските авиони на оддалеченост од 200-300 метри.
Messerschmitt Me 262
Global Look PressМеѓу неговите жртви се прочуените „парчиња“, односно бомбардери Јункерс Ju-87, бомбардери Хајнкел He-111, ловци Фоке-Вулф Fw-190, па дури и еден од првите оперативни млазни ловци Месершмит Me-262.
Можеби звучи неверојатно, но во екот на една битка Кожедуб бил принуден да се брани од американските пилоти. Откако за време на битката за Берлин одбил на нападне неколку германски Месершмити наишол на американски бомбардери Норт Америкен Б-53 и нивните ловци кои по грешка мислеле дека станува збор за непријател.
„Во кого пукате? Во мене?“, се сеќава со негодување Кожедуб многу години подоцна. Бил принуден да се брани, соборил два американски ловци Р-51 Мустанг.
Вториот пат, додека бил во патрола, соборил неколку американски бомбардери Боинг В-17 „Летачка тврдина“ кои не реагирале на неколку предупредувања откако влегле во воздушниот простор на советската окупациска зона во Германија.
Кариерата на славниот советски ас не завршила во Германија. Под негово водство 324 ловечка воздухопловна дивизија ја однесе 239 победа во Корејската војна (1950-1953).
Александар Покришкин
Редкин/SputnikСо 59 победи Александар Покришкин се смета за втор најдобар советски и сојузнички воен пилот.
Воената кариера ја започнал како авиомеханичар, но секогаш сонувал да лета. Покришкин 39 пати безуспешно се пријавувал да го префрлат во школата за авијатичари, но дури 40 пат неговото барање било конечно одобрено.
Покришкин во војувањето не гледал само вештина што треба да се научи, ами и наука. Тој сериозно ги проучувал дневниците на летање со детали за секоја битка во која учествувала неговата ескадрила. Покришкин бил меѓу неколкутемина пилоти кои сфатиле дека тактиката на советското воено воздухопловство во првиот дел од војната била прилично застарена и сторил многу за нејзино унапредување.
Александар Покришкин не бил некој што избира полесен пат до целта. Секогаш се обидувал да го нападне водечкиот авион во непријателската формација, зашто токму тоа е најтешко.
Марк Редкин
TASSГерманските пилоти веројатно се ужасувале од средбата со него. Се зборува дека едни на други си јавувале: „Ахтунг! Ахтунг! Покришкин е во небото!“
Ана Кожедуб, внуката на прочуениот пилот, се сеќава: „Александар Иванович (Покришкин) не беше најпопуларен човек на забавите, не беше срдечен како дедо ми. Тој беше сибирец, додека дедо ми беше вистински Украинец!..“
„Војуваа на најразлични боишта и се запознаа дури по војната. Не можеа да станат пријатели за време на војната, а на старост обично тоа е уште потешко. Така што, и покрај тоа што се сретнаа повеќе пати, никогаш не станаа блиски пријатели“, вели Ана.
Николај Гулаев
Рунов/SputnikИако е трет на ранг-листата на советските пилоти, Николај Гулаев е веројатно најконстантниот воен пилот на сите времиња. Имено, во своите први 42 воздушни битки има соборено 42 непријателски авиони. Забележано е дека има уништено вкупно 57 авиони.
Иако не е познат како неговите современици Кожедуб и Покришкин, тој не заостанувал зад нив по талентот и умешноста за борба.
Неговата прва битка во 1942 година дури не била ни дозволена. Кога еден германски авион се појавил во близина на неговиот аеродром, во воздух биле испратени искусни пилоти. Без наредба, почетникот Гулаев им се приклучил и соборил непријателски бомбардер.
Бил укорен поради недозволениот лет, но и одликуван и унапреден за првата победа.
Германски ловец, 1941.
Рунов/SputnikПилотот Фјодор Архипенко кој служел со Гулаев, се сеќава: „Беше Исклучителен пилот... Никогаш не го фаќаше паника и брзо знаеше да ја процени ситуацијата... Беше мошне храбар и решителен, често им помагаше на други и имаше страст на вистински ловец“.
Еднаш соборил два бомбардери Јункерс Ју-87, а кога снемал муниција, храбро налетал на третиот. Неговиот Јак-1 почнал да понира, но Гулаев успеал безбедно да се приземји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче