Универзално летало: Ловци МиГ-29 обезбедија воздушна поддршка на специјалните состави на земја

Овој авион има широка примена во различни типови на борбени дејства кои се интегрален дел од воздушно-копнената битка. 29-те овој пат безбедно покриваа широк ридско-планински простор каде настапуваа извидувачко-диверзантските групи.

Пилотите на оперативно-тактичката авијација на руската воздухопловна група базирана на аеродромот Еребуни во Ерменија изведоа вежба со цел воздушна поддршка на извидувачко-диверзантските области на оваа земја. Ова на новинарите им го соопшти информативната служба на Централниот воен округ на руската армија.

„Екипажите кои се наоѓаат на тактички ловци-пресретнувачи МиГ-29 изведоа задача за обезбедување воздушна поддршка на единиците на механизираната пешадија на ридскиот локалитет кој се наоѓа на полигонот Алагјаз. Дејствата се изведени во пар и во формација на ранг на ловечко одделение“, соопштија од информативната служба на Централниот воен округ, пренесува порталот РИА „Новости“.

Основната задача на ангажираните воздухопловни капацитети беше обезбедување на воздушниот простор над територијата на која оперираа извидувачко-диверзантски групи, со цел откривање и неутрализација на воздушните цели на условниот непријател. По потреба сите овие авиони можеа да се употребат и за дејства по копнени цели, во случај на трупите на земја да им беше неопходна непосредна огнена поддршка.  

Во вежбите се ангажирани преку 300 војници и офицери кои ја опслужуваат оваа воздухопловна база, со околу 100 единици специјална и воздухопловна воена техника.

102-руска воена база се наоѓа на територијата на Ерменија, во близина на градот Ѓумри. Проценетата бројност на рускиот контингент кој се наоѓа во состав на оваа база е 4-5 илјади војници и офицери. Во нејзин состав се наоѓа и аеродром на кој се базирани тактички ловци МиГ-29 како и ударни хеликоптери Ми-24/35. Покрај нив, тука се наоѓаат и незаменливите борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 во различните свои модификации. Базата ја штити многу силна група на ПВО вооружена со ракетните системи со голем дострел С-300В.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња