Државните тестирања на ракетите со голем дострел 40Н6Е, наменети за противвоздушниот систем С-400, успешно се завршени, изјави извор од рускиот одбранбено-индустриски комплекс, пренесуваат медиумите.
Како што истакна тој, по гаѓањата на полигонот Капустин Јар меѓуресорната комисија потврди дека тестирањата се успешно изведени, а ракетата би можела да влезе во состав на вооружувањето на руската војска до крајот на летото.
Од Министерството за одбрана на РФ во април минатата година изјавија дека зенитните ракетни системи С-400 добиле ракети кои можат да соборуваат цели во поблиската вселена. Концернот „Алмаз Антеј” соопшти во ноември 2013 година дека е завршен развојот на ракетата 40Н6Е за системите С-400, наменети за уништување на најсложените и најважните цели на растојание до 400 километри.
Се смета дека освен системите С-400, со ракетите 40Н6Е ќе бидат опремувани и С-500, вклучувајќи ја и бродската верзија на овој систем.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче