Пиштолот „Лебедев“ ПЛ-15 доби своја спортска варијанта

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Инженерите на концернот „Калашников“ направија спортска верзија на пиштолот „Лебедев“ ПЛ-15. Оваа варијанта на пиштолот ја доби ознаката SP1.

Новата модификација може да се засили со ласерски обележувач на целта, потцевни тактички ламби и колиматорски нишани. Во компанијата веруваат дека овој модел на пиштолот има исклучителен извозен потенцијал, пренесува рускиот интернет-портал РГ.

Принципот на работа кај спортската варијанта на пиштолот е идентичен како и кај основниот модел ПЛ-15. Пиштолот ги задржа параметрите на одлична ергономија, употребува иста муниција со кал. 9х19 мм. Користи два типа на рамки, едната направена од алуминиум (нејзината тежина е 0,8 килограми) и втората од челик (оваа рамка е малку потешка и нејзината тежина изнесува 1,1 килограми).

Вкупната должина на пиштолот е 205 милиметри, додека цевката на пиштолот е долга 112 милиметри.

SP1 е дизајниран за натпреварувачи кои се дел од спортското стрелаштво, но и за останатите љубители на огнено оружје.

Прочитајте повеќе: Со што најновиот пиштол Лебедев го надминува легендарниот Макаров