Новитети: 40-милиметарскиот автоматски фрлач на гранати „Балкан“ ќе може да се става на дронови?

Евгениј Бијатов/Sputnik
Во однос на постарите модели фрлачи со калибар 30 мм, „Балкан“ ќе има 25% поголем ефективен дострел, додека огнената моќ ќе му биде зголемена двојно.

Новиот автоматски фрлач на гранати со калибар 40 мм АГС-40 „Балкан“ ќе има способност за адаптација за употреба на носечки платформи како што се роботизираните копнени системи и беспилотни летала. Ова руската агенција ТАСС го пренесе директорот на индустрискиот кластер во рамките на концернот „Ростех“ за производство на стандардно вооружување, класична и специјална муниција Сергеј Абрамов, пренесува интернет-порталот РГ.

Според него, решението за набавка на автоматските фрлачи на гранати АГ-40 „Балкан“ за потребите на руското Министерство за одбрана го чека завршувањето на опитната фаза која се изведува во формациски услови. Доколку сѐ функционира беспрекорно, се планира сериско производство на ова оружје со кое ќе бидат опремени копнените состави на руската армија.

Комплетното преоружување на единиците со автоматски фрлачи на гранати АГ-40 „Балкан“ се очекува до почетокот на 2027 година, кога завршува најновата етапа на стратешкото опремување на руската армија.

Истовремено, според Абрамов, рускиот воено-индустриски комплекс ќе го понуди својот најнов производ на светскиот пазар на вооружување и воена техника. За неговата набавка уште сега владее мошне голем интерес.

Новиот автоматски фрлач на гранати АГС-40 „Балкан“ е предвиде да ги замени постојните фрлачи АГС-17 „Пламја“ и АГС-30. Во однос на постарите модели фрлачи со калибар 30 мм, „Балкан“ ќе има 25% поголем ефективен дострел, додека огнената моќ ќе му биде зголемена двојно.

Интегрираниот механизам овозможува темпо на гаѓање и до 400 гранати во минута. Продолжената цевка со должина од 400 мм (на пример, АГС-17 „Пламја“ има цевка со должина 305 мм) ја зголемува почетната брзина на гранатата 7П39 на 240 м/сек, за разлика од моменталните модели чија брзина изнесува 185 м/сек. Оваа карактеристика ѝ овозможува на гранатата поголема прецизност и дострел. Ефикасниот дострел на автоматскиот фрлач на гранати АГС-40 „Балкан“ сега изнесува 2500 м. Тоа е речиси 800 м повеќе отколку кај моменталните АФГ кои се наоѓаат во вооружувањето на руската војска.

Автоматскиот фрлач се полни со метален барабан во кој собира реденик со капацитет од 20 граната 7П39, со маса од 14 кг. Неговата вкупна маса изнесува 33 кг.

Прочитајте повеќе: Моторизираните единици на Западниот воен округ увежбуваат сценарија со борба со дронови-самоубијци

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња