Тестирање на хеликоптер Ми-38 на екстремно ниски температури (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Објавена е видеоснимка од тестирање на хеликоптер Ми-38 во Јакутија на студ под -45 степени.

Стручњаците ја проверија функционалноста на сите системи на хеликоптерот на температура пониска од -45 степени Целзиусови.

Тестирањето е извршено во базата на аеродромот Мирни и на полигонот Накин. Хеликоптерот Ми-38 изведе 57 летови, а покрај тоа, на земја се извршени 18 тестови на моторот.

Повеќенаменскиот хеликоптер Ми-38 може да се користи за превоз на товар и патници, за операции за потрага и спасување, како и за потреби за итна помош. Направени се неколку варијанти на овој модел, вклучувајќи и помошен воен и товарен хеликоптер, како и патнички, кој може да прими 32 патника.

Казањската фабрика за хеликоптери почна со сериско производство на Ми-38 во јануари 2018 година.

Погледнете го и ова видео: Повеќенаменскиот хеликоптер Ми-38 на МАКС-2013