НПО „Енергомаш“ од Химки во Московската област го направи првиот мотор РД-171МВ за перспективната вселенска ракета од средна категорија „Сојуз-5“ („Иртиш“) и во моментов се подготвува за негово пробно пуштање во погон, соопшти директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.
„Според силата на овој мотор му нема рамни во светот“, нагласи Рогозин преку својот профил на „Твитер“.
Инаку, при развојот на моторот РД-171МВ првпат се користени техники на дигитален дизајн и производство.
Претходно во февруари беше објавено дека ракетно-космичкиот центар „Прогрес“ (дел од „Роскосмос“) работи на нацртот на новото руско лансирно возило „Сојуз-7“, наречено уште и „Волга“, кое би користело мотори РД-180, а не РД-171МВ.
Весникот „Взгљад“ пишува дека Русија во 2019 година очекува вистински пробиви во космонаутиката.