Се појави модел на првиот руски хиперсоничен вселенски дрон

ИСОН

На интернет се појави слика од моделот на првото руско вселенско летало за повеќекратна употреба, способно за постигнување хиперсонични брзини.

На сликата се гледа едномоторно летало слично на дрон, што е прототип на перспективното вселенско летало за повеќекратна употреба, јавуваат медиумите.

Претходно научната фондација „Сколково“ соопшти дека демонстраторот за летање за повеќекратна употреба што го направи ИСОН за потребите на „Роскосмо“ е опремен со сопствен погонски систем кој може да ги развие бараните брзини (хиперсонични), а дека во првиот стадиум го крева авион-носач. Способноста за повеќекратна употреба го прави можно повторувањето на испитувањата и унапредувањето на квалитетот на прелиминарните тестови на летањето.

Генералниот директор на ИСОН Јуриј Бахвалов истакна дека во конструкцијата на ова летало ќе се користат единствено делови кои масовно се произведуваат во Русија, како и дека дронот ќе добие мотор од погонски блок „Бриз-М“-14Д30. Не постојат планови за користење на овој апарат за намена за удар врз цели, наведе тој.

„Во план е во 2023 година да се изведат пет тестови на летање на прототипот со помош на авион-носач кој ќе биде М-55 „Геофизика“, рече Бахвалов по повод роковите на проектот.

Предвидено е апаратот да лета на висини до 160 километри, и тоа со брзини од 7 Маха, како и да биде во состојба да понесе други вселенски летала во орбитата до висина од 500 километри. Секое парче би било направено со рок на траење од педесет летови.

Во развојната фаза која траеше од 2015 до 2017 година овој проект привлече 25 милиони рубли од приватни инвеститори од корпорацијата „Проект техника“, а доби и грант во вредност од 30 милиони рубли од фондацијата „Сколково“. Во овој момент активно се работи на подготовки за имплементација на втората фаза од работите, која ќе чини 280 милиони рубли.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ одлучи да формира одред од жени-космонаути

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња