Сликата е симболична
Global Look PressВо рамките на „Курчатовскиот институт“ во Ленинградската област наскоро ќе биде ставен во погон единствениот научен нуклеарен реактор ПИК, изјави министерот за наука и високо образование Михаил Котјуков.
„Во блиска иднина сметаме на пробна работа на реакторот од Гатчина“, рече Котјуков, пренесува РИА „Новости“.
Единствениот високопроточен ПИК реактор е направен во Петербуршкиот институт за нуклеарна физика „Константинов“, дел од научниот национален центар „Курчатовски институт“.
ПИК реактор е инсталација од „мегасаенс“ класата и според многу параметри е најдобриот уред на светот за проучување на материи со нано-димензии со помош на неутронска радијација. Ќе овозможи испитувања од областа на физиката, хемијата, биологијата, геологијата, медицината, науката за материјалите итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче