Креативностa лета на небо: 11 авиони обоени во руски стил

Јуриј Смитјук/TASS
Амурски тигар, леопард и многу хохлома: руските авиопревозници ги веселата патниците сликајќи ги авионите со животни или во сите бои на виножитото.

„Аерофлот“ е главниот руски авиопревозник и затоа чувствува дека е должен храбро да се впушти во креативност, украсувајќи ги авионите на необичен начин. Во 2012 година компанија ја прославила 80-годишнината покажувајќи ѝ на публиката три разубавени патнички авиони.

Класичните орнаменти настанати со помош на техниката наречена „хохлома“ даваат неочекуван и неповторлив дизајн. 

Ни компанијата не запре на тоа и минатата година организираше уште едно натпреварување за дизајнерите. „Аерофлот“ вети дека победничкиот предлог-дизајн ќе украси еден авион.

„Аерофлот“ не е единствената компанија која се обидува да ги забавува клиентите. Во 2015 година компанијата „Трансаеро“ наслика голем амурски тигар на еден од своите авиони како дел од кампањата за заштита на дивата природа. Леталото е познато како „авион на пруги“.

Некои велат дека „авионот леопард“ не е толку привлечен како „тигарот“, но дизајнот секако заслужува внимание. Кој ви се допаѓа повеќе? 

Пред неколку години „Трансаеро“ организираше добротворна акција. Парите собрани за време на летот со овој авион се наменети за лекување на деца од различни болести. Со првиот лет на „авионот на надежта“ се собрани 150000 рубли ( 2650 долари). 

Спортот исто така може да послужи како инспирација. Во 2016 година „Аерофлот“ украси авион со боите на фудбалскиот клуб ЦСКА и нацрта глава на коњ -  заштитниот знак на клубот. 

Во 2014 година „Руски авиолинии“ го украсија својот авион со боите на фудбалскиот клуб „Зенит“.

Цвеќето е уште еден популарен украс. Вака изгледа авион на компанијата „Кубан Ерлајнс“.

Понекогаш се доволни какви било шарки. Важно е, можеби, да биде присутна црвената боја. 

Само две нијанси на зелена, но толку оригинално!

„Хохлома“ е сепак најпопуларниот руски орнамент.

Погледнете и како изгледаа стјуардесите на „Аерофлот“ некогаш и сега.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња