Министерството за одбрана на Руската Федерација обелодени нов тип вооружување кое е предвидено да се употребува заедно со борбената опрема од трета генерација. Во зборникот „Ракетно-техничка и артилериско-техничка опременост на Вооружените Сили на Руската Федерација – 2018“ е објавена и фотографија на новиот комплекс „Смеса“ (рус. Смесь“), пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Гранатометно-огнеметный комплекс "Смесь". Источник: https://t.co/EHo2RxHr4w и ТК "Звезда". pic.twitter.com/DwcrZ3nXmv
— Komandante (@KomandanteS17) 5 February 2019
Во овој зборник се зборува за појавата на концептуално нови пешадиски средства за блиска борба. Новото вооружување, кое се однесува на развојот на нови повеќенаменски типови муниција, првенствено ќе се користи за борба против инженериски утврдени точки на непријателот, незаштитена но и леснооклопна борбена техника, како и непријателска жива сила. Самиот назив на овој ракетен фрлач „Смеса“ укажува на тенденцијата за повеќенаменска функција на ова оружје.
Новиот комплекс, кој ќе стане интегрален дел од перспективната борбена опрема на рускиот војник, се наоѓа во активна фаза на развој. Исто така се додава дека работата над проектот за новиот ракетен фрлач „Смеса“ ќе почне врз основа на борбените искуства од примената на слични средства во локалните конфликти кои се водат ширум светот.
Засега нема дополнителни информации кои би можеле да ни откријат на кој принцип работи новиот руски ракетен фрлач „Смеса“.
Не е исклучено дека новото оружје на руската пешадија ќе дејствува врз идентични принципи како РРФ „Шмељ“, но со далеку понапредни тактичко-технички карактеристики на фрлач и ефикасност на гранатата на целта.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче