Без разлика што овој рачен ракетен фрлач е стар веќе три децении, „Таволга“ и ден-денес претставува едно од најдобрите оружја од оваа класа кои се наоѓаат во вооружувањето, пренесува српскиот интернет портал Бог-рата. Тој е производ на познатото советско претпријатие НПО-Базалт. Неговата основна дејност меѓу другото е и развој и производство на рачни ракетни фрлачи. Конкретно, „Таволга“ е произведена 1989 година.
RPG-28 #Anbar#Iraqpic.twitter.com/pzq1ImgYyw
— Mustafa Ahmad (@KLKAMASH2018) 7 December 2018
Карактеристиките на рачниот ракетен фрлач РПГ-27 се состојат од тоа што тој може да уништи основен борбен тенк кој е заштитен со плочи на динамичен оклоп. За вакво нешто е развиена ракета со тандем-кумулативна боева глава тешка пет килограми. Нејзиниот калибар е 105 мм. Првиот дел на проектилот содржи мало експлозивно полнење. Тоа има задача да го активира динамичниот оклоп. Зад него низ отворениот простор влегува основната кумулативна боева глава која го пенетрира незаштитениот оклоп.
На овој начин ракета истрелана од РПГ-27 „Таволга“ може да пробие околу 600 мм хомогена панцирна плоча. Претставува идеално средство за борба против утврдена непријателска пешадија заштитена со армирано-бетонски ѕидови со дебелина и до 1,5 метри. Неговиот максимален дострел е до 200 метри.
Како што изјави рускиот воен експерт Јуриј Ламин, овие фрлачи беа претходно забележани и во Сирија. „Овој тип на вооружување лесно преминува од рака в рака, а го има и на црниот пазар. Тоа можело од Сирија да се прошверцува во провинцијата Анбар, која се наоѓа во Ирак“, забележува експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче