„Вампирите“ се најголемиот ужас за тенковите ширум светот. Овие рачни противтенковски ракетни фрлачи со сигурност ќе ги погодат модерните тенкови од типот на „Абрамс“ или „Челинџер-2“. Според достапните податоци, реактивната граната ПГ-29В може да пробие над 650 милиметри панцирен челик, кој е заштитен со реактивни динамички плочи. Тоа е постигнато на начин што руските конструктори во проектот за производство на муниција за овој фрлач го примениле принципот на тандем-кумулативна боева глава.
Ефективниот дострел изнесува 500 метри. Почетната брзина на гранатата е 255 метри во секунда.
„Вампир“, се разбира, нема мали димензии. Неговата должина во борбена позиција е 1850 милиметри, додека тежината надминува 12 килограми. Меѓутоа, специфичноста на конструкцијата овозможува прилично лесен транспорт. Во Мексико, како што се гледа од фотографијата, за транспорт на ракетниот фрлач се користат џипови.
Российский РПГ-29 "Вампир" в Мексикеhttps://t.co/3qGsEnoJYY#weapons#Mexico#grenadelauncher#гранатомет#РПГ#Мексикаpic.twitter.com/xcQWthHrIJ
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) 19 February 2018
Рачниот противтенковски ракетен фрлач РПГ-29 не е единствениот модел на техника од руско производство кој се наоѓа во состав на мексиканската војска. Тамошната армија има добро искуство и со РПГ-7, противтенковските системи „Игла”, амфибиските возила „Урал”, оклопните транспортери БТР-60ПБ и хеликоптерите Ми-8, Ми-17 и Ми-26.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче