Во Русија претставен првиот алуминиумски мотор на светот (ВИДЕО)

Уникатен целосно алуминиумски мотор со внатрешно согорување беше тестиран на аеродромот „Мочишчје“ кај Новосибирск. Испитувањата траеја неколку часа.

Овој уред, прв на светот во својата класа, беше направен од научниците на Новосибирскиот државен технички универзитет (НГТУ) во јануари 2018 година. Полесен е од традиционалните челични мотори за 30-40 отсто, а неговата сила е зголемена од 40 на 400 коњски сили. Притоа моторот троши 15 отсто помалку гориво, а користи автомобилски бензин АИ-95.

Меѓутоа, во текот на тестирањето се случи инцидент – на еден од деловите се појави откршен фрагмент на новата навлака, така што се оштети еден од прстенестите маслени печати, по што моторот почна да чади. Сепак, фактот што моторот не престана да работи, зборува за неговата висока сигурност.

Проблемот настана поради производствен дефект и не е поврзан со самата технологија, наведува НДН.инфо.

Прочитајте повеќе: Научниците во Русија измислија мотор на вотка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња