На фотографиите кои беа објавени пред неколку дена се гледа беспилотно летало, кое е направено според шемата „летечко крило“ и која потсетува на „невидливиот“ американски стратешки бомбардер B-2 „Spirit“. Ова борбено летало и понатаму е еден од „најмистериозните“ апарати во американското воено воздухопловство, потсетува интернет-порталот „Бизнис Инсајдер“, а пренесува Взгљад.
На ловечките апарати кои достигнуваат суперсонична брзина и притоа имаат и одлични маневарски способности, потребни им се вертикални стабилизатори на летот, што не е случај кај рускиот „Охотник“. Имено, според американските експерти, исто како и кај американскиот бомбардер B-2 „Spirit“, вниманието е пред сѐ фокусирано на „невидливоста“ на авионот, за сметка на неговите маневарски способности кои се битни во услови на блиска воздушна борба.
Американските беспилотни летала се користата за нанесување удар врз копнени цели и поради својата супсонична брзина на летот претставуваат исклучително лесни цели за непријателските авиони. Меѓутоа, руската воена индустрија истакнува дека „Охотник“ всушност претставува прототип на ловец од шестата генерација, што во тактички поглед отвора простор дека леталото е способно за воздушна битка, пишува американското издание.
Покрај тоа, на скорешната снимка на еден од ловците од петтата генерација Су-57 е видлива силуета на авион, направен според шемата на „летечко рило“. Покрај оваа силуета, исто така се наоѓаше и силуета на ловец Су-57, што според авторите на овој текст подразбира дека „Охотник“ ќе биде во некој вид содејство со руските ловци од петтата генерација.
На овој начин, во случај на заедничка употреба на беспилотните невидливи летала „Охотник“ во спрега со исто така невидливите ловци Су-57, може значително да ги комплицира задчие и плановите на американското воено воздухопловство кое досега се фокусираше на проучување на рускиот ловец од петтата генерација.
Неодамна рускиот воен експерт и пилот на борбен авион Владимир Попов рече дека беспилотното летало С-70 „Охотнок“ ќе биде повеќенаменски ударен апарат, кој според своите технички можности ќе биде на исто ниво со авионите од петтата генерација. „Ова ударно летало ќе биде алката меѓу авионите од петтата и шестата генерација. Него најверојатно ќе го движи турбомлазен мотор АЛ-41Ф кој е проектиран за ловците од петтата генерација. Леталото ќе има можност да пресретнува цели во воздух, да ја избегнува непријателската ПВО, да нанесува удари врз копнени и поморски објекти“, ги пренесува неговите зборови интернет портал Взгљад.
Тој истакна дека проектот ќе биде поделен на неколку фази, што ќе доведе до тоа „Охотник“ д стане повеќенаменско борбено летало. Една од неговите главни карактеристики се крие во неговиот дизајн, поточно конструкцијата. Со етапни унапредувања ќе се добие леталао кое не само што ќе биде наменето за изведување високопрецизни удари врз копнени цели, туку и ловец-пресретнувач за борба против непријателски цели во воздухот.
Прочитајте повеќе: Од Русија пристигна изненадување: Прикажано ударното беспилотно летало С-70 „Охотник“