Видео: Како фрегатата „Адмирал Горшков“ дејствува со бродската верзија на системот С-350 „Витез“

Ракетната фрегата „Адмирал Горшков“

Ракетната фрегата „Адмирал Горшков“

Youtube
Во вооружувањето на овој брод се наоѓа исклучително силниот бродски систем за ПВО „Полимент-Редут“ кој по своите карактеристики но и капацитетот на расположливи ракети претставува веројатно најдобар одбранбен систем во состав на руската морнарица.

Главната фрегата на проектот 22350 „Адмирал Горшков“ изведе боево гаѓање во акваторијата на Баренцовото море, каде беше употребен современиот противвоздушен ракетен систем со поморско базирање со вертикални ракетни лансери 9К96  „Полимент-Редут“. Ова го соопшти информативната служба на Северната флота, пренесува интернет агенцијата РГ.

На вежбата беа ангажирани различни родови на руската армија. Пред самиот почеток на боевото гаѓање над поширокиот простор каде што се одржуваше прелетаа авиони од составот на здружените сили на  ВВС и ПВО, додека имитацијата на метата ја лансираше екипажот на малиот ракетен брод „Ајсберг“. Потоа од огнените позиции на фрегатата „Адмирал Горшков“ беа лансирани неколку ракети од ракетниот систем „Полимент-Редут“ кои со 100% прецизност ги погодија агилните воздушни цели кои притоа летаа изразено ниско.

Фрегатата „Адмирал Горшков“се наоѓа во оперативното вооружување на руската морнарица од 28 јули 2018 година (нејзиниот дефинитивен прием во служба се води од 8 септември). Бродот, меѓу другото, е опремен со во моментов можеби и најквалитетниот бродски противвоздушен ракетен систем со вертикално лансирање „Полимент – Редут“, кој е способен да уништи цели во радиус од 150 км околу бродот, на висина до 30км.

Се претпоставува дека во трупот на овој брод во рамките на овој систем се наоѓаат преку 120 ПА ракети од класата „вода-воздух“ кои со три различни модели на ракети го покриваат краткиот, средниот и големиот дострел.

Прочитајте повеќе: Вооружена до заби: Руската невидлива фрегата „Адмирал Горшков“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња