АК-308
Youtube„Ги завршивме фабричките тестирања и ги чекаме прелиминарните резултати. Доколку сѐ биде во ред, годинава можеме да почнеме со сериско производство. АК-308 е без каков било сомнеж многу интересно но и квалитетно оружје, затоа што во светот нема многу автоматски пушки со тој калибар“, изјави генералниот директор на концернот Владимир Дмитриев за интернет порталот „Известија“.
Директорот напомена дека компанијата исто така очекува и голема побарувачка за новата автоматска пушка и во Русија, особено кога е во прашање цивилната верзија на ова оружје. Пушката ќе користи муниција со калибар 7,62х51 мм, кој претставува еден од основните ловечки куршуми.
Самата автоматска пушка АК-308 е направена на база на пушката АК-103 со елементи на конструкцијата од АК-12. Капацитетот на рамката е 20 куршуми. Вкупната маса на пушката со празна рамка е 4,3 килограми. Пушката користи диоптерски нишан и компактен телескопски кундак. Должината на автоматската пушка изнесува 880-940 милиметри. Должината на цевката изнесува 415 милиметри.
Неодамна концернот „Калашников“ го склучи првиот извозен договор за испорака на автоматски пушки АК-12. Првата количина целосно нови пушки наскоро ќе ѝ биде испорачана на ерменската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче