Еве зошто АК-308 е еден од најамбициозните проекти на Калашников

Kalashnikov Media

Kalashnikov Media

Ак-308 би можел да стане еден од најамбициозните проекти на концернот Калашников во последните децении поради употребата на муницијата на НАТО 7.62х51 милиметар, пишува „Нешионал интерест“.

Од Втората светска војна Калашников има исфрлено над 20 модели автомати и речиси сите користат советска, односно руска муниција. Првите чекори на концернот во производството на оружје според стандардите на НАТО не беа успешни од гледна точка на извозот, смета авторот на статијата, а пренесува РИА Новости. 

Сега концернот има нов обид: АК-308 користи муниција на НАТО 7.62х51 милиметар. Новиот автомат, благодарение на поголемиот калибар, стана подолг и потежок од Ак-12, но доби и низа унапредувања во однос на него, вклучувајќи кундак што се прилагодува и рециклирачка гасна комора. 

Скорешното влегување на Калашников на извозниот пазар е исклучително не само поради новите технологии, ами и поради новиот бизнис-модел. Претходно извозниот модел не се правеше за однапред определени купувачи, додека АК-308 е произведен и изнесен на пазарот за потребите на една земја – Индија. 

Делхи е редовен купувач на руско оружје, но Калашников во блиско минато нема учествувано на индиски конкурс за офанзивна пушка зашто на индиската војска ѝ беше потребно оружје за калибар 7.62х51 милиметар. Така АК-308 е обид на Русија да стане главен извозник на пешадиското вооружување во Индија по дваесетгодишна пауза, се наведува во изданието.

Притоа, давајќи ѝ на Русија упориште на профитабилниот индиски пазар, јуришната пушка за калибар 7.62х51 милиметар, благодарение на својата економичност, би можела да побуди интерес и кај други купувачи кои бараат евтино и сигурно оружје според стандардните на НАТО.

АК-308 е направен врз основа на автоматот АК-103, со елементи и со компоненти на АК-12. Автоматската пушка користи муниција со калибар 7.62х51 милиметар. Капацитетот на рамката е 20 куршуми. Масата на оружјето со празна рамка изнесува 4.3 килограми. Може да се монтира и бајонет. 

На почетокот на ноември беше објавено дека Русија и Индија се договориле за потпишување спогодба која би овозможила започнување на заеднички проект за производство на 650 илјади парчиња офанзивни пушки АК-103 „Калашников“.

Во октомври, Русија започна и имплементација на договорот за снабдување на Индија со противвоздушни ракетни системи С-400, а исплатата на системот ќе се изврши во рубли или во рупии.

Прочитајте уште: Нешионал интерест: Кои држави од светот сакаат да го купат рускиот тенк Т-14 „Армата“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња