Научниците од Краснојарскиот научен центар на Сибирското одделение на Руската академија на науки развија технологија за преработка на остатоци од риба заради нивно користење во вселената, соопшти прес-службата на центарот, пренесува РИА „Новости”.
Според резултатите од истражувањето, од рибините коски, крлушките и изнутриците може да се добие хранлив раствор за одгледување билки. Научниците во експериментите користеле остатоци од крап. Планирано е во иднина во производството да се користат и амбалажа и санитарно-хигиенски материјали.
Се наведува дека оваа технологија ќе стане една од алките во идниот затворен систем за обезбедување на услови за живот за човекот во вселената. Научниците тврдат дека системот за преработка на остатоци кој тие го предлагаат ќе овозможи идните бази на Месечината или на Марс да бидат поевтини и поавтономни.
Проектот се реализира во рамките на руската државна програма за фундаментални научни истражувања на академиите на науки за периодот од 2013 до 2020 година. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Life Sciences in Space Research.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче