Батискафот кој го загрижи Вашингтон: Рускиот спецназ усвојува пловила за длабоководни операции

Алексеј Никољски/Sputnik

Како што соопштува американскиот портал „Дифенс Уан“ (Defense One), тоа значи дека овие батискафи ќе можат да оперираат по морското дно на многу точки во светските океани. Изданието ги пренесува зборовите на Семјуел Бендет, научен соработник на корпорација CNA специјализиран за руска воена технологија, кој рече дека нема да постојат никакви технички ограничувања специјалниот батискаф да се превезува со различни пловни средства. „Морнаричкиот спецназ на руската армија со ова средство значително ќе ги зголеми способностите во своето дејствување“, истакнува американскиот експерт, пренесува порталот „Бог рата“. 

Неодамна руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе бидат произведени шест специјални подводни средства за три флоти на руската морнарица: Северната, Тихоокеанската и Црноморската. Според првите податоци кои дојдоа од неименуван извор близок до инженерите кои работат на изработка на прототип на овој батискаф, тој ќе има тркалезна форма како топка, со проѕирен корпус направен од комбинација на материјали на акрил и титаниум.

Ќе го движи електричен мотор кој ќе може да обезбеди работа во траење од 24 часа. На батискафот ќе можат да се прикачат различити типови дополнителни манипулатори со специјализиран алат за работа на големи длабочини. Работната длабочина на овој батискаф ќе достигнува 2500 метри. Екипажот ќе се состои од максимум три члена. Вкупната цена на развојниот проект е проценета на 13,1 милиони евра.

Американските медиуми исто така соопштија дека и Воената морнарица на САД има проекти за изработка на слични длабоководни пловила. Во 2016 година компанијата „Локид Мартин“ за својот проект за изработка на батискаф добила речиси 166 милиони американски долари. Овие пари се наменети за трошоците за проектирање и негово производство. Според проекцијата на американското Министерство за одбрана, рокот за завршување на целосната фаза на негово комплетирање и тестирање во практични услови е временски ограничен - до крајот на 2019 година.  

Прочитајте повеќе: Русија гради потполно роботизирана подморница со екстремни параметри во далечината на пловење

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња