Еве зошто руските Воздушно-космички сили уништија свој сателит за противракетна одбрана

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Воздушно-космичките сили на Руската Федерација (ВКС на РФ) изведоа планирано деорбитирање на вселенското летало „Космос-2430“ од составот на системот „Око“ за рано предупредување од ракетен напад. Сателитот изгоре во горните слоеви на атмосферата над Атлантскиот океан, а неговиот пад е забележан и од Нов Зеланд.

Вестите за објект на небото над Нов Зеланд се појавија во локалните медиуми уште на 5 јануари. Очевидците претпоставија дека се работи за метеорит или вселенски отпад. Но уште тогаш стручњаците признаа дека виделе како паѓа сателит од непознато потекло.

Паѓачкиот сателит го привлече вниманието на аматерската станица SatTrackCam, која од Холандија ги следи вселенските летала. Аналитичарите забележаа дека снимките на објектот што паѓа се емитувани на каналот „Фокс Њуз“ во текот на крикет-натпреварот меѓу репрезентациите на Шри Ланка и Нов Зеланд. Според SatTrackCam, тој објект биле фрагменти на апаратот „Космос-2430“.

„Дежурните единици на космичките сили на ВКС на РФ го контролираа понирањето на уредот од орбитата на сите делови на неговата траекторија“, рекоа за ТАСС од руското Министерство за одбрана. Се потенцира дека сателитот е отстранет од орбиталната група уште во 2012 година.

„Космос-2430“ е последниот од серијата советски сателити од системот „Око“, наменет за рана детекција на лансирање на балистички ракети од САД. Со таа цел, уредот е опремен со инфрацрвен телескоп со огледало со пречник од еден метар. „Космос“ добиваше енергетско напојување преку соларни панели, а животниот век на сателитот изнесуваше пет години.

Сателитот кој беше уништен во јануари оваа година е лансиран пред 12 година и го заврши својот рок на траење. Сега уредите од системот „Око“ ги заменија сателити од нова генерација од Обединетиот космички систем. Рано детектирање на балистички ракети е само една од неговите задачи.

Прочитајте повеќе: На територијата на Русија падна огромен метеорит (ВИДЕО)