Повеќе од 1850 оклопни автомобили и друга специјална техника ќе влезат во оперативниот состав на Копнената војска во 2019 година. Сѐ е веќе однапред предвидено со Државната програма за опремување на руската армија за оваа година. Ова во четвртокот го соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на Русија, пренесува информативни портал ТАСС.
„Во 2019 година повеќе од 1850 единици автомобилска техника ќе влезат во единиците на Копнената војска на Вооружените сили на Руската Федерација. Во рамките на реализацијата на Државниот план за опремување на руската војска со нова техника, претпријатијата кои се наоѓаат во рамките на воено-индустрискиот комплекс ќе му предадат на Министерството за одбрана современи модели автомобилска техника која ефикасно ќе се употребува во различни климатски услови“, пренесуваат од министерството.
Од министерството нагласуваат дека на овој начин „извидувачките состави ќе се засилат со оклопни автомобили „Тигар-М“ кои ќе бидат опремени со борбениот модул на далечинско управување „Арбалет-ДМ“. Покрај нив, во единиците на руската армија ќе влезат и оклопните возила со зголемена заштита „Тајфун-К“ и „Тајфун-У“.
Освен оклопни возила, единиците на Копнената војска ќе добијат и системи за атомско-биолошко-хемиско извидување РХМ-6 и РХМ-8 и повеќе од 60 современи станици за сателитска врска Р-441ЛМ и Р-444НЛ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче