„Основната задача на мировните сили е да обезбедат мир меѓу завојуваните страни. Според правилата на употреба на овие единици нашиот противник не се борци, ниту терористи. Нашата задача, пред сѐ, е да ги запреме луѓето кои поради некоја причина зеле огнено оружје во рацете пред да направат некоја посериозна глупост“, изјави за интернет-порталот ТАСС командирот на специјалниот одред снајперисти на руската мировна бригада капетан Андреј Мутин, пренесува Взгљад.
За стекнување практични навики во овие специфични ситуации, на полигонот е направена условна тампон-зона. Снајперистите изведуваа практична обука на „хумано“ гаѓање од основни и специфични позиции. Тие притоа ги увежбуваа најефикасните методи на „заплашување“ на условна цел, вклучувајќи и гаѓање на одредени зони на телото (екстремитетите) кои би го неутрализирале објектот на дејството без нанесување на фатални повреди. Во текот на вежбата се употребени снајперски пушки СВД и модернизираните АСВК-М опремемени со најмодерни оптички нишани, вклучувајќи и термовизиска опрема.
Процената е дека во вежбите на Рошинскиот воен полигон учествувале околу 1200 војници на мировната бригада на Централниот воен округ, вклучувајќи ги и снајперистите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче