Русите лансираа ракета „Авангард“! На настанот лично присуствуваше и претседателот Путин

Слободан Ѓукиќ
Завршена е етапата на контролни пробни лансирања на оваа ракета, што овозможува да се формираат роковите за нејзино испорачување на Ракетните сили за стратешка намена.

Министерството за одбрана на Руската Федерација по наредба на претседателот на Руската Федерација В. В. Путин успешно тестираше ракета која е дел од програмата „Авангард“ со хиперсоничен боев блок. За овој навистина важен настан соопштение издаде информативната служба на Кремљ.

„Путин дојде во Националниот центар за управување со одбраната и даде наредба да се почне со тестирање. Лансирањето го изврши борбена единица на ракетните сили за стратешка намена од областа Домбаровски врз условна мета на полигонот Кура на територијата на Камчатка“, се вели во соопштението кое го пренесува рускиот портал life.ru.

За време на тестирањето хиперсоничниот крстосувачки блок ја изврши сложената траекторија на летање и успешно ја погоди условната цел на полигонот Кура. Веднаш по успешното завршување на практичното испитување на „Авангард“ претседателот ги пофали сите луѓе кои работат на создавањето на ова оружје кое се ноаѓа пред своето време, како и војниците кои успешно ги реализираа сите поставени задачи.

Од Кремљ нагласуваат дека првата етапа на техничкото испитување на стратешката ракета „Авангард“ е приведена до крај. Овој навистина сериозен технолошки исчекор ќе овозможи скора испорака на овие системи на стратешките ракетни сили на руската армија.

Прочитајте повеќе: Руското Министерство за одбрана првпат објави снимка од ракетниот систем „Авангард”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња