Путин: Русија наредниве месеци ќе го воведе во вооружување ракетниот систем „Авангард“!

AP
„Авангард“ ќе ги направи системите за противракетна одбрана кои плански се разместуваат на перифериите на руските граници потполно промашена инвестиција.

Русија во наредните месеци ќе го воведе во вооружување ракетниот систем систем „Авангард“, изјави претседателот на Руската Федерација В. В. Путин во текот на обраќањето до медиумите кои ги следат активностите на форумот „Валдај“, на кој меѓу другото, учествува и првиот човек на Русија.

„Како одговор на изградбата на системите на американската противракетна одбрана, ние ги усовршуваме своите ударни ракетни потенцијали, при што некои веќе се наоѓаат во вооружувањето на нашата војска, а некои, како што е ракетниот систем „Авангард“, ги очекуваме во вооружување многу брзо, во наредните месеци“, истакна Путин.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, во својот историски говор одржан на 1 март 2018 година, изјави дека системот „Авангард“ е способен во густите слоеви на атмосферата да оствари интерконтинентален домет, при што може да развие брзина која е дури 20 пати поголема од брзината на звукот. Неодамна рускиот вицепремиер задолжен за прашања од одбраната Јуриј Борисов истакна дека е потпишан договор околу сериското производство на првата партија боеви блокови за стратешка намена „Авангард“.

Овие „болиди“ главно ќе бидат вооружени со термонуклеарни боеви глави, но ќе можат да уништуваат различни цели и со примена на „сува“ кинетичка енергија. Благодарение на своите летечко-технички карактеристики, овој систем радикално ќе ја зголеми должината на својот лет (ефективниот дострел), што е посебно важно при избегнувањето на зоните каде што се присутни системите на непријателската противракетна одбрана.

Прочитајте повеќе: Руското Министерство за одбрана првпат објави снимка од ракетниот систем „Авангард”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња