Еве кога руските единици ќе го добијат системот „Авангард“

Слободан Ѓукиќ

Првиот полк, вооружен со системот „Авангард“ – интерконтинентални балистички ракети со хиперсонични маневарски способности – ќе стапи на должност до крајот на наредната година, соопшти извор од рускиот воено-индустриски комплекс.

„Крајниот рок за распоредување на главниот полк на борбено дежурство е крајот на 2019 година. На почеток во состав на полкот ќе има најмалку два комплекса, но постепено нивниот број ќе биде зголемен на регуларните шест“, изјави изворот за ТАСС.

Првите „Авангарди“, според официјалното соопштение на Министерството за одбрана на РФ, ќе ѝ бидат предадени на Ракетната дивизија на црвеното знаме сместена во Оренбуршката област. Приемот на системот „Авангард“ се очекува, според зборовите на изворот, кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.

Путин: Русија наредниве месеци ќе го воведе во вооружување ракетниот систем „Авангард“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња