Еве колку вселенски ракетни мотори Русија ѝ испорачала на Америка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Од крајот на деведесеттите години на минатиот век, руското државно научно-производствено претпријатие „Енергомаш“ им испорачало на САД 130 вселенски ракетни мотори РД-180 и РД-181 за потребите на американските лансирни возила, а од тоа 93 мотори се веќе искористени во вселенските лансирања, изјави за РИА „Новости“ неименуван извор од ракетно-космичката индустрија во понеделникот.

„До денешен ден на Американците им се испорачани 113 мотори РД-180 за ракетата „Атлас-5“ и 17 мотори РД-181 за ракетата „Антарес“, прецизираше овој извор.

Според него, досега се изведени 85 летови со користење на моторот  РД-180 на првиот степен на ракетата „Атлас-5“ и 8 летови со употреба на моторот РД-181 во пар, и тоа на првиот степен на лансирањето на ракетата „Антарес“.

„Оваа година на американските муштерии им се испорачани 11 мотори РД-180 и 5 мотори РД-181“, додаде соговорникот на агенцијата.

Првиот мотор РД-180 им е испорачан на САД во јануари 1999  година, а првиот РД-181 во јуни 2015.

Прочитајте повеќе: Русија подготвена да им продава ракетни мотори на Кина и Америка