Сенатот на САД дозволи набавка на 18 руски ракетни мотори РД-180

Американскиот Сенат ќе купи 18 руски ракетни мотори РД-180 до 2022 година.

Сенатот на САД даде дозвола да се продолжи со купување руски ракетни мотори РД-180, соопшти за агенцијата „Спутник“ сенаторот Ричард Шелби.

„Го усогласивме ова прашање. Договорот е до 2022 година и 18 ракетни мотори“, изјави Шелби.

Претходно главниот конструктор на „НПО Енергомаш“ на државната корпорација „Роскосмос“ Владимир Чванов изјави дека компанијата-производител е подготвена да им испорача ракетни мотори РД-180 на САД.

Руските РД-180 се користат за ракетата „Атлас V“ која ги реализира лансирањата на леталата за Военото воздухопловство на САД, како и за научните и истражувачките мисии на НАСА. Претходно Пентагон соопшти дека планира да се откаже од руските ракетни мотори кога тоа ќе стане можно и кога ќе се појават достојни конкуренти на РД-180.

На иницијатива на сенаторот Џон Меккејн во 2014 година, Конгресот на САД одлучи да се откаже од руските мотори и да го забрза развојот на американските пандани, но оваа забрана беше укината во законот за буџетот кој стапи во сила во декември и е со важност до октомври 2016 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња