Народно-ослободителната армија на Кина изведе практично тестирање на ракетниот ПВО-систем со голем дострел С-400 „Триумф“ кој на оваа земја неодамна ѝ го испорача рускиот воено-индустриски комплекс. Според првичните информации, тестот поминал многу успешно. Ракетата успеала да пресретне балистичка цел која летала со брзина од 3000 м/сек.
Како што пренесува интернет-порталот ТАСС повикувајќи се на воено-дипломатски извори, пробните лансирања се изведени на ниво кое формациски одговара на ракетен дивизион. Имено, Кинезите тестирале еден од вкупно двата дивизиона кои беа купени од Руската Федерација во првата декада на декември. Ракетата мод. 48Н6-Е успеала да пресретне цел која се наоѓала на далечина од 250 км. Тестирањето било извршено во услови на силни електронски пречки емитувани од условниот непријател.
Народна Република Кина е првиот странски руски воен партнер кој ги купи овие системи. Договорот за набавка на два полковски комплета ракетни системи С-400 беше потпишан 2015 година, а три години подоцна првиот ракетен полк беше комплетиран и испорачан во оваа земја. Овој договор опфаќа и изградба на руски сервисен центар на територијата на НР Кина кој ќе ги сервисира и одржува ракетните системи С-400, но и другите типови руска борбена техника кои се наоѓаат во состав на кинеската армија. Покрај Кина, договори за набавка на ракетни системи С-400 со Русија потпишаа Турција и Индија.
Системот за противвоздушна одбрана со голем дострел С-400 „Триумф“ е наменет за борба против широк спектар воздушни цели н далечина и до 400 км, при што тие летаат во широк висински распон. Со додавање на напредни модули овој систем ќе може да се бори против цели на далечина и до 600 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче