Видео: Работата на ремонтниот тенк на аеродромот Домодедово

Скриншот
На интернет се појави видеоснимка од работата на оклопната машина за ремонт и влечење БРЭМ-1, направена врз база на тенкот Т-72.

Ремонтниот тенк на аеродромот Домодедово лесно повлече авион Ил-62 тежок 71 тон.

Тоа не е најголемиот товар што може да го повлече БРЭМ-1. Неговата влечна кука е предвидена за објекти чија маса изнесува 100 тони.

Домодедово е првиот руски аеродром кој ја набави оваа тешка армиска машина за влечење на авиони во вонредни ситуации. БРЭМ за цивилна употреба е демилитаризиран, т.е. од него се отстранети нишаните, митралезот со голем калибар и апаратурата за воена комуникација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња