„Првата партија од 2500 автоматски пушки АК-12 концернот „Калашников“ на 20 декември му ја достави на Министерството за одбрана на Русија. Тоа е првиот нарачател кому концернот „Калашников“ му ги испорача најновите автомати“, се вели во соопштението за јавност.
Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на РФ ги прифатило автоматите АК-12 и АК-15 кои концернот „Калашников“ ги направи како дел од најмодерната воена опрема „Ратник“.
Комплетот „Ратник“ (борбена опрема од втора генерација) опфаќа современо стрелечко оружје, ефикасни заштитни комплети и средства за извидување и врска – вкупно десетина различни потсистеми.
Александар Вилф / Sputnik
Се очекува дека до 2020 година овој комплет ќе го имаат сите копнени трупи на руската армија.