21 август 2018, Русија, Московска област, Кубинка, Меѓународен военотехнички форум „Армија 2018“, центар „Патриот“. На сликата самоодна хаубица 2С35 „Коалиција-СВ“.
Komsomolskaya Pravda/Global Look PressФотографија на новото оружје се појави на каналот на Алексеј Хлопотов „Gur Khan attacks!“ на сервисот „Јандекс.Зен“.
Како што објаснува авторот, истражувањата се вршат во Екатеринбург. Според неговото мислење, на лафетот е судејќи според сѐ поставен дек од самоодната хаубица Д-20.
Прототип новой российской буксируемой гаубицы на основе "Коалиции". Фото: Gur Khan https://t.co/1m3IljZOLnpic.twitter.com/pNPHuTxRrO
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) 17 December 2018
Доколку е така, тогаш се работи за таканаречената „полигонска“ варијанта и не е исклучено конечната варијанта да биде мошне поразлична.
Авторот на каналот со скепса зборува за потребата од создавање нови тешки влечни орудија и смета дека треба да им се даде предност на лесните и помобилни системи.
Од друга страна, влечните орудија од различни типови кои ги поседува регуларната армија на Сирија добро се покажаа во борбите против терористите. Покрај тоа, таквото оружје беше интензивно користено во вооружените судири во Авганистан, Ирак и Јемен. Очигледно никој нема намера да се откаже од влечните топови и хаубици, и покрај значителниот развој на самоодните артилериски орудија.
Хаубицата 2С35 „Коалиција“ првпат беше претставена во јавноста на Парадата на Победата 2015 година.
Виталиј В. КузминСамоодното артилериско орудие „Коалиција-СВ“ има калибар од 152 милиметри, дострел од 70 километри, во минута може да истрела повеќе од 11 фугасно-распрскувачки и наведувани проектили, има автоматизиран систем за избор на цел и комплет од 70 проектили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче