Рускиот ловец МиГ-35 е подготвен за современо војување, истакнува кинеската медиумска куќа Sina, а пренесува интернет порталот РГ.
Авторот на публикацијата посебно ја истакнува исклучително моќната погонска група на овој авион која ја сочинуваат два мотора кои генерираат потисок од 18 тони, што е исклучителен резултат во однос на неговата полетна маса. Толку силниот погон му обезбедува на авионот да полета по многу краток залет, како и да му донесе одлучувачка предност во воздушен бој. Значаен фактор имаат и подвижните млазници на моторот, кои во различи агли ја насочуваат неговата потисна сила. Конечно, во конструкцијата на авионот се реализирани многубројни елементи кои се поврзани за технологијата на конструирање ловци од петта генерација. Тоа најдобро се гледа на планот на интеграцијата на многу софистицираниот напаѓачко-навигациски комплекс кој ќе се наоѓа во опремата на овој авион, а кој слободно може да се нарече летало од генерацијата 4++.
Многу важно е и производството на специјалната школско-борбена верзија на овој авион МиГ-35УБ. Според авторот на текстот, примената на варијантата на ова летало со две седишта во огромна мера ќе ја забрза обуката на пилотите за овладување со оваа технички заситена борбена машина.
Двете варијанти на овој авион (едноседот МиГ-35 и двоседот МиГ-35УБ) се наоѓаат на завршните испитувања во Државниот летечко-технички испитен центар на Воздушно-космичките сили во градот Ахтубинск. „Во активна фаза на проверка се наоѓа комплексниот систем за управување со овој воздухоплов. Ги проверуваме неговите аеродинамични квалитети и маневарските можности“, соопштија од руското Министерство за одбрана. Проверена е и електронската компонента на авионот која е негов исклучително важен елемент. Сите негови особини добија позитивна оцена при летањето над подрачје во кое масивно се применуваат средства за противелектронска борба. Пилотите со помош на современиот радар со фазна решетка успешно ги откриваа сите зададени цели. Високите барања исто така ги исполни и пасивниот оптоелектронски локатор со зголемени карактеристики кој е дополнување на главниот радар. Се работи за оптоелектронскиот комплекс ОЛС-М (експ. ОЛС-ЕМ).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче