Државните испитувања на хиперсоничната ракета 3М22 „Циркон“ ќе почнат наредната 2019 година. Според одделни информации нејзиното тестирање ќе се врши на полигоните на Северната флота.
За почетокот на државните тестирања на новата руската ракета зборуваше за информативната куќа ТАСС неименуван извор од воено-индустрискиот комплекс на руската армија. Тој напомена дека државните тестирања ќе се одржат од поморски платформи-борбени бродови и подморници. Компанијата што ја развиваа хиперсоничната ракета „Циркон“ не ги коментираше овие информации.
3М22 „Циркон“ претставува хиперсонична противбродска крстосувачка ракета. Ефективниот дострел на оваа ракета е проценет на максимум 500 км. Ракетата ќе се лансира од вертикални лансирни спремници кои се интегрирани во трупот на подморницата или бродот. Сличен систем на лансирање применуваат ракетите „Калибар“ и „Оникс“. Нејзината крстосувачка брзина ќе изнесува 8 маха, а ќе носи боева глава тешка 300-400 килограми. Во план е „Цирконите“ да се опремат со нуклеарни и конвенционални боеви глави.
Претпоставката е дека 3М22 „Циркон“ ќе биде во вооружувањето на тешките нуклеарни ракетни крстосувачи од класата „Орлан“ - „Петар Велики“ и „Адмирал Нахимов“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче