РЛС „Небо-М“
Слободан Ѓукиќ„Во многу скоро време ќе воведеме во експлоатација најсовремена радарска опрема“, соопшти денеска информативната служба на Источниот воен округ.
Радарска станица П-18Р е конструирана за откривање на воздушни објекти и точно пресметување на нивните динамички елементи во реално време како што се оддалеченоста на следениот објект (км), брзината на неговото движење, распознавање на класата на леталото, како и за процес на брза обработка на податоците и нивно предавање до системите за командување (мобилен команден пункт кој раководи со ракетен дивизион на ПВО и сл.)
Се работи за високо чувствителна апаратура која може да лоцира воздушен објект на големи далечини и со помош на базна електроника во најкраток временски интервал да ги пресмета сите параметри поврзани со него. Системот е многу погоден за откривање на воздушни објекти кои имаат мала радарска рефлексивност (авиони од петтата генерација, стратешки бомбардери, крстосувачки ракети и друго воздухопловно вооружување).
Источниот воен округ опфаќа оперативни воени единици од сите видови и родови кои се наоѓаат на просторот на Забајкалот и Далечниот Исток (површина околу 7 милиони км2), освен единиците на Ракетните сили за стратешка намена. Командата на ИВО се наоѓа во градот Хабаровск. Во негов состав се наоѓаат копнени сили кои се состојат од четири комбинирани армии и еден армиски корпус. Тука се наоѓаат и две бригади на Воздушно-десантните сили, како и поголем број самостојни оперативно-тактички борбени состави со различна намена во состав на извидувачките, морнаричките и единиците на крајбрежната одбрана. Воздушно-космичките сили ги претставува 11 армија ВВС и ПВО, како и воздухопловните борбени капацитети на Тихоокеанската флота. Воената морнарица се состои од единиците на Тихоокеанската флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче