Министерството за одбрана на Русија распиша тендер за продолжување на ресурсите на ИБР „Сатана“

EPA
Покрај оваа интерконтинентална балистичка ракета, руското Министерство за одбрана планира да ги продолжи ресурсите и на ракетите „Топол-М“ и Ур-100Н „Стилет“.

Министерството за одбрана на Руската Федерација распиша тендер за продолжување на ресурсите на интерконтиненталните балистички ракети за стратешка намена „Сатана“, „Топол-М“ и Ур-100Н. Оваа информација е објавена на специјализираниот сајт на кој се наоѓа списокот на државни набавки.

„Изведувањето на технички работи ќе обезбеди продолжување на ресурсите во експлоатацијата на ракетните системи за стратешка намена со индексација 15П135, 15П118М, 15П155, 15П165“, наведува овој извор.

Индексите 15П155 и 15П165 се однесуваат на ракетните системи „Топол-М“ и тоа за мобилната и статичната (силосна) верзија на оваа ракета, додека индексот 15П118М е за ракетниот систем „Сатана“, а  индексот 15П135 за ракетниот систем Ур-100Н „Стилет“.

За изведување на работите е обезбедена сума од 938 милиони рубли (12,5 милиона евра). Деловите на воено-индустрискиот комплекс кои ќе го добијат овој тендер за продолжување на ресурсите на руските интерконтинентални балистички ракети се должни да ја завршат комплетната работа до 10 ноември 2020 година.

Тендерот исто така предвидува и унапредување на техничките капацитети на специјализираните делови на воено-индустрискиот комплекс кој се занимава со најсложените задачи, како што се ремонт и продолжување на ресурсите на ракетната техника.

Прочитајте повеќе: „Сатаната“ го спасува светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња